Категории

Секоја жена го очекува ова нешто од својот партнер

Изгледа се откри одговорот на вечното прашање: Што всушност сакаат жените?

Истражувачи од Универзитетот во Готинген ги здружиле силите со апликациите Clue и MyOne за да откријат што жените бараат кај потенцијалниот партнер. Истражувањето е спроведено со помош на апликациите во кои учествувале 68,000 луѓе од 180 земји. Благодарение на ова истражување, научниците успеаа да откријат кои карактеристики на жените им се важни при одбирањето на партнер.

Добивме недвосмислен одговор. Жените без оглед на годините, местото на живеење и сексуалната ориентација, бараат љубезност.
Привлечното тело, убавото лице, амбициите и финансиската сигурност се покажале како секундарни вредности при изборот на партнер.

Што е вистински важно?

Спротивно од очекувањата, изгледот и парите не се најважни. Само 22,3% од жените сметаат дека физичката привлечност и салдото на сметката се најважни одредници во потрага по другата половина.
25,4% од жените обрнуваат внимание на тоа мажот да има иста религија.
Важен елемент била и желбата и подготвеноста да станат родители. Дури 46,1% од жените опишале дека тоа е еден од главните фактори при изборот на партнер. Меѓутоа, најважниот аспект без конкуренција е карактерот.
Дури 88,9% од испитаничките истакнале дека љубезноста е најважна особина која ја бараат кај партнерот.
Од една страна било изненадувачко, но од друга малку тешко да се изгради траен однос врз љубезност. Поддршката била на второ место, а интелигенцијата на трето.

Љубезноста е како гравицата. Неопходна но не и забележителна додека не исчезне – прокоментирала Вирџинија Џ. Виткам, координаторка на истражувачкиот тим на пликацијата Clue.

Ова го потврдува фактот дека изгледот е минлив а карактерот останува. На што жените обрнуваат внимание? Не можеме да заборавиме дека изгледот е важен елемент. Можеби не е главен фактор, но низ физичката привлечност обрнуваме внимание на другата личност.

Кои физички особини биле најважни?
Насмевката и очите! Испаѓа дека не постои значајна силуета или физичка енергија, туку елементи кои се забележливи на прв поглед. Очите се огледало на душата па се вклопува во романтичниот канон присутен со години.