Секоја жена треба да ги има овие 5 пара чевли, сѐ останато и вишок!

Просечната жена има околу 20 пара чевли кои не ги носи. Остатокот го сочинуваат само неколку пара кои се вртат во круг со промената на годишните времиња.

Женскиот фетиш кон чевли е добро познат, но ќе се сконцентрираме на оној практичниот дел: Кои се петте пара чевли кои и се потребни на секоја жена?

Рамни чевли

Балетанки, еспадрили, спенсерки – изборот зависи од вашиот стил на облекување, а најсигурно е да ги изберете оние во црна, браон нијанси или во бела боја. Во рамните чевли можете да одите насекаде, а се носат во текот на три годишни времиња, така што најдобро е да инвестирате во пар изработен од кожа.

Сандали

Кога бирате идеални сандали, важно е да знаете дека ќе ги носите и на плажа, но и по кафулиња, па неопходно е да бидат изработени од квалитетни материјали. Најпрактични се рамните или оние на платформа од неколку центиметри. Потпетиците се непрактични и неудобни, а нема да изгледаат толку убаво со шарените летни фустани или пак лежерните широки панталони.

Чизми

Кај чизмите е важно да се удобни и да се вклопуваат во различни стилски комбинации. Затоа се идеални чизмите со стабилна, силна потпетица, кои може да ги носите и на работа и во текот на прошетките. Исто така, мора да се вклопуваат со здолништа, панталони, џинс, фустани, па затоа најдобро е да изберете што поедноставни и да дозволите деталите да дадат печат во секоја комбинација.

Патики

Не мора да имате патики за трчање, доволен е пар во кој ќе се чувствувате удобно. Доколку сакате долги здолништа или фармерки од тексас, платнените патики се одличен избор, а во последниве сезони комбинирањето на лелеави здолништа и кожни патики стана вистински хит.

За посебни пригоди

Салонки, со или без платформа, со отворени или затворени прсти, во црна или пудра боја, неопходни се во изборот на секоја жена. Со мал коктел фустан, може да ги носите на отворањето на галерија или на свадба, а со фармерки и секси топ се идеален избор за ноќна забава.




Коментари

коментари