Секојдневни навики кои можат да бидат причина за појава на акни

Акните се чест проблем со кој се соочува популацијата. Секојдневно на пазарот се појавуваат нови козметички препарати чија цел е помош во борбата со акните. Една од причините за настанување на акни се и секојдневните навики на кои не посветуваме внимание, а тие ја уништуваат нашата кожа.

  • Раце

Честото допирање на лицето со рацете може да биде една од причините за појава на акни. На рацете се наоѓаат многу бактерии, па затоа обидете се да не го допирате лицето и почесто да ги миете рацете.

  • Мобилен телефон

Мобилниот телефон има највеќе бактерии во однос на сите други работи кои ги носиме со себе. Затоа потребно е редовно да се дезинфицира.

  • Производи за коса

Треба да бидете внимателни при користењето на многу производи за нега на косата. Без разлика дали се работи за шампони или спрејови за коса, производите може да завршат на кожата, а тоа да резултира со појава на акни. Кога нанесувате производи на косата- заштитете го лицето.

  • Навлака за перница

Ако сте мрзеливи и не ја менувате редовно навлаката за перница, го зголемувате ризикот за појава на акни. Навлаката за перница содржи пот, маснотии и нечистотиии, а сите бактерии се во директен контакт со кожата и може да предизвикаат појава на акни. Пожелно е еднаш неделно да се менува навлаката за перница.

  • Четки за шминка

Дамите кои користат четки за шминка треба да се погрижат редовно да ги чистат. Тие може да се перат еднаш неделно, а пред секоја употреба да се исчистат со марамица за отстранување на шминка.




Коментари

коментари