Секс за време на бременоста: Да или не?

Многу парови се збунети кога се работи за сексот за време на бременоста. Некои практикуваат, други пак се плашат да не му наштетат на плодот. Дали сексот во бременоста е ризичен?

Бремените жени кои сакаат да имаат секс често бараат одговори на прашањето дали сексот во бременоста е безбеден и кога.
Сексот во текот на бременоста е целосно безбеден, доколку вашиот доктор не ве советувал спротивно. Доколку има некој проблем или компликација заради која би требало да се воздржите од секс, ќе бидете известени од докторот.
Бебето не може да се повреди при сексот, а оргазмите не се причина која би довела до контракции и ризик од предвремен пораѓај или абортус. Бебето е заштитено со обвивка и силни мускули на матката. Малку слуз го затвора цервиксот и штити од инфекции. Машкиот полов орган не оди подалеку од вагината и не може да дојде до бебето.
Во подоцнежната бременост, сексот и оргазмите може да предизвикаат контракции на матката. Тие може да бидат непријатни што е и нормално. Ако се случат, едноставно опуштете се или лежете додека не се смират.




Коментари

коментари