Категории

Селена Гомез е новото заштитно лице на Puma

Уште една ѕвезда му се придружи на Ријана, Кара Делевин, Кајли Џенер и The Weeknd кои заедно го сочинуваат амбасадорскиот тим на брендот, а новиот амбасадор е Селена Гомез.

Пеачката од сега ќе ги застапува новите колекции на спортскиот гигант, како и самата ќе стане дел и од дизајнерскиот тим.

“Да се биде дел од семејството на Puma е за мене многу големо нешто. Тие ја променија играта кога се работи за спортската опрема и модата. Невозможно е а да не се забележи огромното влијание кое го постигнаа врз стилот и културата а мене ми е премногу драго што станав дел од тоа, се надевам дека заедно ќе создадеме нешто специјално”, изјави Селена.

Музичката ѕвезда ќе работи на создавање линија обувки за жени, меѓу кое самата ќе се погрижи и за креирањето на нивните рекламни кампањи.

“Селена е автентична, талентирана и доста реална. Таа е се што женските купувачи сакаат да имаат како пример и инспирација, со нејзината искреност за борбата со лупусот таа стана неверојатен пример за самодоверба и одлучност. Селена е иделен Puma партнер кој не се плаши од предизвиците кои ги нуди нашиот свет, истрајна е во секоја борба а тоа е точно она кое ние сакаме нашиот бренд да го претставува”, изјавија од седиштето на спортскиот бренд.

 

Прегледи:
456
Објавено на:
21.09.2017