Селена Гомез се отвори за депресијата: „Со години не можев да се насмеам..“

Познатата пејачка проговори искрено за најтешкиот период од својот живот

Скоро година дена откако се оддалечи од друштвените медиуми и рефлекторите, Селена Гомез отворено проговори за својата борба со депресијата и анксиозноста прифаќајќи ја наградата McLean.
Младата пеачка во текот на својот говор изјави:
„Изминативе години патев ментално и емотивно. Не бев во состојба да останам присебна. Не бев ни во состојба да се смеам и да изгледам како да е се во ред. Чувствував дека одеднаш ме нападнале сета тага и болка и тоа беа најстрашните моменти од мојот живот“.

Гомез во оваа прилика откри и дека и воспоставената дијагноза и предизвикала збунувачко чувство.
„Очигледно бев преплашена за тоа. Но почувстував и олеснување затоа што конечно дознав која била причината поради која со години патев од анксиозност и депресија.“

За среќа, година дена подоцна таа се чувствува многу подобро.
„Иако тоа не значи дека се помина, можам да кажам дека после година дена напорна работа и терапии се чувствувам многу посреќно и поздраво, и сум во состојба да ги контролирам своите емоции и мисли повеќе од било кога“.




Коментари

коментари