ВИДЕО: Селена Гомез со инспиративен говор

Селена Гомез го отвори своето срце пред толпа млади луѓе на овогодинешниот We Day – настан кој се одржува еднаш годишно во Канада и САД, кој ги охрабрува младите луѓе да ги споделат своите проблеми.

21 годишната пејачка и актерка во својот говор зборува за стресот со кој се соочила во Холивуд и како се справила со него.

[tube]http://www.youtube.com/watch?v=fgqWrArkYIY[/tube]

„Сите вие се соочувате со стрес секој ден – со пријатели, со родители, на училиште. Тие ми кажуваат што да облечам, како да изгледам, што да кажам, каква треба да бидам. Ги слушав мислењата на луѓето и се обидував да се сменам себеси, бидејќи мислев дека така другите ќе ме прифатат. И сфатив дека јас не знам како да бидам ништо друго, освен самата себе“. – изјави Селена.

Таа во јануари била две недели на рехабилитација поради емоционални проблеми, а откако се вратила, повторно е со Џастин Бибер, а тоа не им се допаѓа на нејзиното семејство и повеќето од нејзините пријатели.

Таа исто така, во својот говор вели дека успехот кој го постигнала ѝ го припишува на својата мајка.

„Таа рече дека најважната работа е секогаш да верувам во себе.Ако треба да направам нешто, треба да го направам затоа што го сакам“ – додаде пејачката во својот говор.

 




Коментари

коментари