Категории

Семејството е најважно и секогаш треба да поминувате време со најблиските

Животот е во поставувањето на приоритетите и семејството е еден и единствен приоритет над сите останати, поминувајте време со саканите колку што можете повеќе

Еден ден во паркот на игралиштето, жена седнала на клупа покрај еден човек. „Она е мојот син“, рекла и покажала кон малото дете во црвен џемпер кои бил на тобоганот.  „Тој е симпатичен млад човек“, рекол човекот. „Тоа е мојата ќерка на лулашката, во белото фустанче.“
Тогаш тој погледнал на својот часовник и ја повикал својата ќерка. „Што мислиш за тоа да тргнеме, Мелиса?“
Мелиса извикала „Уште само пет минути, тато, те молам. Само пет минути!“
Човекот климнал со главата и Мелиса продолжила да се лула. Минутите поминале и таткото повторно ја повикал ќерката „Време е да одиме сега?“
Мелиса повторно извикала „Уште само пет минути тато.“ Човекот се насмевнал и рекол „Во ред.“
„Вие сте многу трпелив татко“, одговорила жената која седела до него.
Човекот се насмевнал и одговорил „Нејзиниот брат Томи погина во сообраќајна несреќа тука во близина, пред година дена. Никогаш немав доволно време за да поминувам со него, и сега се би дал за само пет минути поминати со него. Се заколнав дека нема да ја направам истата грешка со Мелиса. Таа мисли дека има уште пет минути да се лула, вистината е дека јас имам уште пет минути да гледам во неа како таа се забавува.“

Поука:
Животот е во поставувањето на приоритетите и семејството е еден и единствен приоритет над сите останати, поминувајте време со саканите колку што можете повеќе.

Прегледи:
721
Објавено на:
02.12.2019