Категории

Сериозни нешта кои вашиот ДОКТОР никогаш нема да ви ги признае

Без оглед на тоа што се зборува за лекарите, оваа професија е исклучително тешка и физички и психички

За лекарите можеме да кажеме разни нешта: дека се нељубезни, површни, и понекогаш прават грешки, дека немаат добра комуникација со пациентите, но обидете се само да замислите што се тие гледаат во текот на денот а тоа не можат да го кажат никому, особено не на своите пациенти.

Тука има радост, тага, а често и смртни случаи на кои тие се сеќаваат целиот живот.

Благодарноста дава сила
Кога пациентот после опоравувањето дојде кај докторот и му се заблагодари за втората шанса, на лекарите тоа му дава „ветер во грбот“. Тие често се наоѓаат во ситуација кога се наблиски на пациентот, се трудат да го одржат во живот и да му го поправат здравјето, но тоа е една посебна врста на однос кој може да се створи само помеѓу спасителот и спасениот.

Слушањето е тешко но важно
Способноста да го сослуша пациентот и да сочувствува со него е вештина на добриот лекар. Лекарот внимателно ќе ве сослуша, нема да пропушти нити еден детал, ни ситница. И не е важно како се чувствува тој во денот, важно е дека тој е тука за вие да се чувствувате добро.

Голото тело е само тело
За лекарот прегледот на голиот пациент е дел од неговата професија. Тоа не е срамотно нити непријатно. На лекарите не им е грижа дали сте отишле на козметичар пред прегледот, или каков долен веш носите. За докторите, човечкото тело е само предмет на професионално истражување.

Кафето е храна
Лекарите и медицинските сестри често немаат ни десет минути за ручек/вечера. Или имаат многу пациенти, или се во прашање тешки случаи, или исклучително итни случаи. Тое нивно секојдневие. Поради тоа тие буквално живеат на кафе. Испаѓа дека, водејќи грижа за здравјето на своите пацинети, докторите го загрозуваат сопственото.

Духот го исцрпува телото
Лекарите знаат колку значи позитивното расположение. Пациентот со позитивен став може да го направи невозможното: да преживее покрај исклучително негативната и лоша прогноза. Докторите секојдневно гледаат како се случуваат чуда, затоа верувајте им кога ќе ви кажат дека начинот на кој се носиме со здравствената состојба е повеќе влијае од самата таа.

Прегледи:
395
Објавено на:
16.10.2019