Сестричка за пример (ВИДЕО)

Многу луѓе сметаат дека Дауновиот синдром е болест. Напротив, Дауновиот синдром е резултат на грешка при реплицирањето на еден хромозом при гестацијата.

Децата со Даунов синдром се едни од најсреќните, највеселите и најсмеаните. Родителите кои имаат деца со Даунов синдром едноставно имаат зголемени одговорности.

Еден од начините да се поврзете со децата е преку музиката. Тоа го докажа и талентираната сестричка Лидија, која на креативен начин се грижи за нејзиното помало братче Бо, кое има Даунов синдром. Лидија требала да се грижи за Бо додека нивната мајка заврши со туширање. Таа го пронашла идеалниот начин за смирување и поврзување со своето помало братче – музиката. Со помош на музика и песна, двегодишното момче полека учи нови зборови.

Погледнете го видеото од грижливото девојче кое му свири и пее на своето братче со Даунов синдром ќе ви го разнежни срцето.

 




Коментари

коментари