Категории

Сезоната на алергии во полн ек!

Се повеќе луѓе се чувствителни на алергените од природата, а посебно се загрозени постарите и тие со намален имунитет. Проблем создаваат тревите и дрвата, но исто така и прашината, животинските влакна..

Алергиските реакции се се почести кај целата популација, а фактот што се јавуваат и кај лица со намален имунитет, исцрпен по долга болест, на удар ги става и постарите личности.
Концентрацијата на поленот го достигнува максимумот, иако дождот малку ја намали концентрацијата на алергени во воздухот- нивното ниво повторно се зголемува со сончевите периоди кои следат. А, алергиските реакции на системот за дишење се причинети првенствено од алергени кои се вдишуваат и се доволно мали да продрат до секој бронх. Тие алергени се најчесто поленот од тревите и дрвјата, меѓутоа се повеќе од луѓето се чувствителни и на прашина, животински влакна..
Истражувањата покажуваат дека алергиите се повеќе застапени кај градското население во однос на луѓето кои живеат во рурални средини, иако природно во руралните средини има повеќе треви и дрвја- па со само тоа и алергии во воздухот. Но, истражувачите тоа го препишуваат на фактот дека животот во природа го јакне имунитетот, па затоа тие кои постојано вдишуваат свеж воздух се поотпорни на алергии во однос на луѓето кои живеат во загадените метрополи.
Тие кои патат од алергии ако се придржуваат до препораките на докторите- веќе одамна треба да ја примаат терапијата, а покрај таблетите- борбата со алергените кои највеќе ги има во сончевите денови и особено наутро, подразбира и посебен режим на живот: избегнување престој на отворено во време кога е најголема концентрацијата на поленските зрна во воздухот, особено пред дожд, кога повисоките слоеви на воздух „паѓаат“ на земјата, менување на алиштата по секој престој во природа, миење на косата.. Тој ритам со секојдневните обврски е навистина тешко да се постигне, но ако не се превземат мерките на превенција- симптомите на алергија може да се влошат.
Алергиите на полени често се пратени и со алергии на некои намирници, па во сезоната на алергии- од најраната пролет до доцната есен- луѓето склони кон алерии мораат да внимаваат и на менито за јадење. Алергиите на одредени лекови и намирници се разликуваат од инхалаторните алергии по клиничката слика. Реакциите на одредени видови на храна се различни, а се појавуваат неколку часа по јадењето. Покрај желудочните и цревните потешкотии, можни се и кожни рекации, или рекации од системот за дишење (кивавица, отежнато дишење).
Кај возрасните главен причинител на алергиски рекации се млекото, произодите богати со многу протеини, риба, одредени овоштија- јагоди, банани.. Ако се појави сомнеж за алергии, дијагнозата се поставува со избегнување на сомнителната намирница од исхраната. Мора да се спроведе диетален режим кон кој болниот треба строго да се придржува. По диетата во која изоставува сомнителната намирница, пациентот треба повторно да почне да ја конзумира во мали количини за да се потврди или исклучи нејзиното дејство. Ако се докаже алергија, мора да се исфрли намирницата од менито.

Повеќе зелен зеленчук и жолто овошје
Личностите кои се склони кон алергии и уртикарии се советуваат во исхраната да вклучат многу лиснат зеленчук со темнозелена боја и овошје во жолта или портокалова боја. Овие намирници содржат бета-каротен. Од друга страна, би требало да се избегнуваат намирници кои содржат конзерванси како тартразин (E102) и бензоат, како и намирници со високо ниво на аминокиселината хистидин, супстанца од која се создава хистаминот.

Прегледи:
617
Објавено на:
25.04.2019