SF PREMIUM | VIP картичка за најлуксузната продавница за долна облека

Овој понеделник во ГТЦ, се отвори најлуксузната продавница за долна облека и најновиот бренд – SF PREMIUM. Де-Та ДООЕЛ, за сите нас позната преку етаблираниот македонски бренд Sara Fashion, оваа година го прославува своето 20 годишно постоење на македонскиот и српскиот пазар со величенствено крунисување на своето работење. Долгогодишната посветеност на своите брендови SF и Red Star, како и ексклузивниот застапник на светскиот бренд Penti, го крунисаа со презентирање на премиум брендот. Ја поставија круната на својата работа и за своите потрошувачи ја збогатува понудата со нов бренд и линија на производи. Квалитетна, лукзузна, софистицирана долна облека за жени и мажи. Пиедесталот го има кралицата, нејзиното височество SF PREMIUM, која всушност е најлускузното катче каде што секоја урбана девојка и жена ќе го пронајде совршеното модно парче долна облека за себе.

Како внимателно дефиниран подарок за своите потрошувачи тие ја дизајнираа SF PREMIUM VIP картичката. Со неа имате вип пристап т.е. ќе можете да купувате со уникатен попуст.

– “Среќни сме за новиот бренд, а среќата сакаме да ја споделиме со нашите потрошувачи. Сите сопственици на SF PREMIUM VIP card ќе имаат уникатни привилегии во однос на преостанатите купувачи во продажниот салон на SF PREMIUM. Картичката има специјално дизајниран попуст од -20% кој важи во нашата продавница само до оваа сабота, 22ри јуни 2019. Воедно, истата е со постојан попуст од -10% при секое купување во SF PREMIUM. Ве повикуваме во новата продавница во ГТЦ на заеднички среќен почеток! – ни раскажа Маја Илиоска, маркетинг раководител во Сара Фешн.

Треба само да ја посетите продавницата и да имате желба за фантастично шопингување. При секое купување, приложете ја оваа картичка на продажниот тим за да се реализира предвидениот попуст. Доколку има тековно намалување на артиклите, ќе го добиете најповолниот попуст за вас, а истата дополнително ќе важи и во продажните места на брендовите Sara Fashion и Penti. Понудата за апликација на картичката важи единствено до оваа сабота.

Зад внимателно дизајнираната долна облека со врвен квалитет и материјали, како и зад приказната заедно во тимот е фантастичната дизајнерка Ивана Кнез, долгогодишен соработник на компанијата Де-Та ДООЕЛ, која во оваа прказна се појавува и како бренд менаџер. Како заштитно лице на кампањата и брендот се појавува прекрасната Марјана Станојковска која го најави новиот бренд со фотосесијата и видеата наменети за линијата костими за капење лето 2019.




Коментари

коментари