Категории

Шик и неодоливи: 3 модели на чизми кои ги сакаме оваа зима!

Секоја година се вљубуваме во некој нов модел на чизми, а доколку сакате да инвестирате оваа сезона во обувки кои ќе можете да ги искористите и за дневни и за ноќни варијанти, ви предложуваме да ги набавите овие 3 фантастични модели.

Чизми на врзување

Овие чизми ќе ги гледате насекаде, а причината за тоа е затоа што се официјално најактуелниот модел оваа есен и зима.

Планинарски чизми

Навидум неугледни, но масивните планинарски чизми не излегуваат од мода. Имено, и понатаму се ултимативно парче за студените зимски денови бидејќи се неверојатно удобни, топли, а ги има и во многу варијанти.

Набрани чизми до колена

Набраните чизми до колена оваа година се неизоставен дел од женскиот гардеробер. Совршено прилегаат речиси со сите есенски и зимски модни комбинации, а дизајнерите овие ретро парчиња ги смислиле во сите бои и дезени.

Прегледи:
549
Објавено на:
21.11.2018