Категории

Шик идеи за декорација на домот

Дали сакате да му дадете малку живот на домот, но не сакате да правите некои огромни промени? Еве неколку совети како да го направите тоа.

1.Поставете комотен простор за читање

Тоа може да биде некој удобен кауч со неколку убави перници.

2.Додадете им интересна завеса на прозорците

Без разлика колку и да е мал прозорецот, некоја убава, шарена завеса, му дава ретро, но забавен изглед.

3.Украсете го влезот

Влезовите често знаат да бидат здодевни. Може да ставите некое малечко масиче во традиционален стил, и да го надополните изгледот со модерни уметнички дела.

4.Заменете ги перничињата во дневната.

Вклучете нови перничиња со поинаква боја или шарка.

5.Однесете малечко масиче во тоалетот

Зошто? Зошто да не! Со малку труд, на тоалетот ќе му додадете чувство на луксуз.

6.Ставете си шаторче врз креветот.

Повторно, зошто да не? Ќе му даде кралски, ројален изглед на креветот и на целата спална соба.

7.Акцентирајте еден ѕид со тапети

Тапетите повторно се враќаат во мода. Но, не како во 90-тите, по сите ѕидови, низ цела соба, туку само на еден ѕид кој ќе одберете да го акцентирате.

 

Прегледи:
570
Објавено на:
18.05.2020