Шишки – Да или не? Предности и маани на оваа фризура

Причини поради кои ќе ги обожавате но и поради кои ќе полудите носејќи ги

Шишките се дискутабилна одлука, колку ќе ги сакате толку и ќе ги мразите.
Доколку не сте навикнати на драматични промени на вашата фризура, дефинитивно треба да размислите уште еднаш пред да се решите да ги скратите. Тие бараат малку повеќе време во нивното стилизирање а воедно и нерви за да направите да изгледаат пристојно и претставително. Доколку имате непослушна коса, тоа може да ви биде голем предизвик.

Откако ќе ја измиете косата потребно е да ги сушите со фен користејќи цилиндер-четка за фенирање. Некои ќе мораат да користат и преса за коса за да направат да изгледаат рамно и да легнат подобро.
Доколку посакате да ги тргнете од челото и да ги носите настрана, може да ви помогне сув шампон кон ќе ги приспособи да стојат на страните.

 

Маани во носењето шишки:
Бараат секојдневно стилизирање. Непријатни се на жештините па со нив челото повеќе се поти. Паѓаат во очи и треба често да ги скратувате.

Предности во носењето шишки:
ТИе изгледаат шик и можат да ви ги сокријат брчките на челото. Кога вашата коса не е свежа со нив можете лесно да го сокриете тоа така што ќе ги измиете само шишките додека остатокот од косата можете лесно да го соберете во кок така што ќе даде илузија на чиста коса.

 

 




Коментари

[fbcomments]