Категории

Шкотска е прва земја на светот која одлучи да дава бесплатни производи за циклус

Политичарите во Шкотска едногласно го потврдија новиот закон кој овозможува сите потреби за менструалниот циклус на жените да се добиваат бесплатно. Сега локалните власти се обврзани во склад со законот да овозможуваат бесплатни производи како што се тампони и хигиенски влошки, на сите на кои им се потребни.

Предлог закон изнесе и Моника Ленон пред Парламентот во Шкотска и за него се бори ушт еод 2016 година. Таа нагласи дека ова е практично и прогресивно а исто така и од витално значење во текот на пандемијата.

„Циклусот не престанува во текот на пандемијата и важно е да работиме на тоа да го подобриме пристапот за неопходните тампони и влошки“ – истакна таа и додаде „А како луѓето ќе дојдат до бесплатни производи ќе биде одлучено и прецизирано на ниво на 32 локални совети. Тие мораат да овоможат луѓето да имаат различни типови производи и тоа со лесен пристап и со грижа и достоинство“

Иначе пред две години Шкотска исто така влезе во историјата затоа што почна да дели бесплатни хигиенски производи на учениците во училиштата и факултетите низ владина програма. Велс и Англија минатата година ги следеа со слични програми кои пружат бесплатни хигиенски потреби во училиштата.

Прегледи:
75
Објавено на:
28.11.2020