Шкотска е првата земја во светот која направи нешто исклучително важно за жените

Шкотска е официјално првата земја во светот која дава бесплатни хигиенски производи на жени со ниски примања, во пилот програма започната деновиве.

Шест месечната иницијатива има за цел да им помогне на многу жени кои спаѓаат во таа категорија, а бенефитите од тоа да бидат позитивната пракса која ќе донесе промени во законодавството, за ова да стане постојана мерка во државата.

 

Во светот многу жени ги немаат основите хигиенски услови, а скоро секаде во светот, вкучителнно и во Европа, хигиенските производи за жени се со големи даноци и се третриани како луксузни добра, со што претставуваат големо оптоварување на буџетот на жените.

Добротворната организација Community Food Initiatives North East (CFINE), пилот програмата ја имплементирале во женски добротворни организација и во неколку школи, а намера за универзално ширење на истата.

се повеќе во светот се зборува на оваа тема. Неодамна Freedom4Girls започна со свои активности во училиштата во Кенија, откако биле контактирани од тамошните училишта бидејќи учениките не доаѓале на настава, бидејќи неможеле да си дозволат женски хигиенски производи.

Низ парламентите во Европа, се почесто се дискутра оваа тема од жените пратенички, што влева за надеж дека ќе се разбуди свеста за овој проблем и ќе се изнајде решение за истиот.

 




Коментари

[fbcomments]