Категории

Шокантно научно откритие – Враните имаат иста свест како и луѓето

Научниците прв пат откриле докази дека враните имаат субјективно исксутво, вид на свест која порано се гледала само кај луѓето и другите примати.

Група истражувачи од Универзитетот во Тибенген во Германија ја мерела мозочната активност на враните кои извршувале визуелни задачи, со цел да докажат дека овие птици се способно свесно да забележуваат сетилни впечатоци.

Откритието е изненадувачко, затоа што тоа порано било докажано само кај луѓето и другите примати кои имаат потполно поинаква мозочна структура од птиците.

„Резултатите од нашата студија отвораат нова перспектива за еволуцијата на перцептивната свест и нејзините невробиолошки гранични услови“ – изјави професорот Андреас Нидер.

Истражувачкиот тип опфати две врани кои клукаат дугме во одредена боја ако видат дека се појавува визуелен стимуланс на екранот. Иако голем дел од овие стимуланси биле јасни, некои биле намерно толку „замаглени“ што враните не можеле секогаш да ги откријат, што дало различни резултати од поединец до поединец.

Истражувачите забележале активност на поедини нервни ќелии во мозокот додека враните извршувале задачи и откриле дека можат да предвидат какво субјективно искуство имаат, врз основа на активностите на нервните ќелии.

„Нашите резултати покажваат дека на нервните ќелии на повисоки нивноа на мозокот на враните може да влијае субјективното искуство или поточно – враните имаат субјективно искуство“ – вели Нидер, додавајќи дека тоа може да значи дека свест е многу пораширена во животинското царство отколку што порано се мислело.

„Последните заеднички предци на луѓето и враните живееле пред 320 милиони години. Перцептивната свест може тогаш да исчезне а од тогаш може само да се наследува“ – објаснува Нидер.

Друго можно објаснување е дека перцептивната свест кај птиците и приматите може да се развива независно една од друга.