Категории

Шпанската кралица Летисија воодушеви во едноставна но елегантна модна комбинација

Шпанската кралица Летиција (48) важи за една од најубавите кралици во светот, но и дама со беспрекорен стил. Како дел од своите редовни активности, оваа дама често привлекува внимание со својот моден избор. За време на состанокот на Управниот одбор на Фондацијата за борба против зависноста од дрога, таа носеше парче облека со кое им даваше поддршка на најранливите социјални групи.

Имено, кралицата носеше фустан од колекцијата Libre 2021/22. Шпанскиот дизајнер Улис Мерида, што го создаде во соработка со здружението АПРАМП – организација што се грижи за жени жртви на сексуална експлоатација, присилна проституција и трговија со луѓе и работи на нивна превенција.
Сите парчиња од колекцијата на шпанскиот дизајнер беа зашиени од 12 штитеници на АПРАМП кои со помош на организацијата беа обучени како шивачки.

Прекрасната кралица на префинетиот стил на облекување заслужи голем аплауз со овој потег и им даде фантастичен пример на членовите на другите кралски семејства.

„Ви благодарам што ја направивте видлива уникатната работа на жртвите на проституција и сексуална експлоатација“, и ’порачаа на организацијата на кралицата, која јавно им даде поддршка на нивните штитеници.

Прегледи:
502
Објавено на:
05.06.2021