Категории

Штити од рак, го чува срцето, полн е со антиоксиданси: Ова е најдобриот зачин на светот!

Магдоносот е најпопуларниот зачин на светот, кој може да се пронајде речиси во секој супермаркет во текот на целата година. Има деликатесен и освежувачки вкус и убави зелени ливчиња, поради што е незаменлив како зачин и украс за храната.

Магдоносот содржи две групи посебни состојки, кои се многу важни за нашето здравје, а тоа се природните етерични масла и флавониди. Освен тоа, магдоносот е одличен извор на витамините Ц, А и К.

Штити од рак

Етеричните масла кои содржат магдонос, штитат од рак, посебно од рак на белите дробови, што е потврдено од истражувањата.

Богат извор на антиоксиданси

Флавонидите кои содржат магдонос, особено лутеолинот, делуваат како антиоксиданси, врзувајќи се за слободните радикали и на таков начин го спречуваат нивното штетно влијание врз организмот.

Во истражувањата се покажало дека екстрактот од магдонос го зголемува капацитетот на антиоксиданси во крвта. Освен флавоноид, магдоносот е одличен извор на витамините Ц и А, кои имаат важна улога во заштитата на нашиот организам од многу болести.

Витаминот Ц има многу различни функции. Тој е главен антиоксиданс во нашето тело, кој го неутрализира делувањето на слободните радикали.

Како што е познато, високата концентрација  на слободните радикали е поврзана со цела низа на болести, вклучувајќи го ракот, дијабетесот, астмата, атеросклерозата и други.

Магдонос за здравје на срцето

Магдоносот е добар извор на фолна киселина. Фолната киселина е важна за многу процеси кои се одвиваат во нашиот организам, но најмногу е позната по улогата која ја игра во здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Корисни совети:

Свежиот магдонос е подобар од сувиот. Ако мора да купите сув, тогаш изберете органски. Бирајте магдонос со темно-зелена боја на лист. Избегнувајте ги оние со жолтеникава боја.

Свежиот магдонос може да го чувате во замрзнувач во пластична кеса. Ако е овенат, малку попрскајте го со вода пред да го ставите во замрзнувач.

Магдоносот може да се користи речиси во сите јадења – супи, салати, храна со зеленчук и житарици.

Прегледи:
450
Објавено на:
17.12.2018