Категории

Што да облечете кога немате инспирација за стајлинг

Ви даваме инспирација што да облечете во деновите кога мислите дека немате што да носите..

Колку пати ви се случило ова. Го отварате плакарот, а во него не можете да пронајдете што да облечете. Вашата омилена гардероба е моментално за перење, останатата ви е досадна, а освен тоа брзате затоа што веќе доцните на договорениот состанок.

Да започнеме со здолништата: долги, кратки, со колан … мора да имате барем едно во вашиот плакар, нели? Комбинирајте го со тексас кошула, за лежерен изглед, со блуза ако е за неформален состанок и со сандали и други летни обувки. Само уште треба да додадете неколку едноставни додатоци.

Лежерен изглед со фармерки

 

Бидете искрени, иако можеби мислите дека во вашиот плакар нема ниедно парче облека што ви се допаѓа, сигурно можете да „ископате“ неколку пара фармерки што убаво ви одговараат. Убавината на фармерките е што тие одговараат скоро на се и секоја пригода. Сè што треба да направите е да ги комбинирате со асиметрична блуза, со бела јакна и чевли со високи потпетици, за да додадете нота на елеганција. Едноставен и трендовски.

 

Модерна црно-бела варијанта

 

Со црната боја никогаш не можете да погрешите, а комбинирано со бело е вистинска добитна комбинација. Облечете се скроз во црно или комбинирано со бело, рамномерно распоредено. Фустан, блуза во комбинација со панталони и трендовска јакна, чизми до над колено … опциите се бесконечни. Одеднаш ќе забележите дека вашиот плакар и не е толку досаден како што мислевте. Не заборавајте на моќта што ја имаат додатоците. Тие се оние кои прават значителна разлика.

 

Комбинации со бела блуза

 

Истото што важи и за фармерките, важи и за белата блуза. Во вашата гардероба мора да имате барем една обична блуза во бела боја. Знајте дека ова парче гардероба е крајно интересно за комбинација. Можете да ја ставите во панталони со висок струк, можете да додадете црно сако и рамни чевли, кои се во некоја „живописна“ боја, дури можете да облечете само бела блуза во комбинација со спортски чевли за да ја истакнете вашата витка линија.

 

Комбинации со асиметрична блуза

 

Постојат многу различни комбинации со асиметрична блуза. Тие можат да се користат за лежерна и за поелегантна варијанта. Имено, ако ги комбинирате со фармерки и рамни чевли, ќе добиете лежерна верзија. Додека пак, во комбинација со чевли со високи потпетици, ќе изгледате стилски и женствено.

 

Кожна јакна

 

Кожната јакна е секогаш во мода и е многу лесна за комбинирање. Одлично се вклопува со едноставно здолниште, дебели чорапи и чевли со коцкеста потпетица.

 

Фустани

Сигурни сме дека ни фустаните не изостануваат во вашиот плакар. Само треба да имате малку имагинација за да ги видите во поинакво светло. Изкомбинирајте долг фустан со летни чевли или сандали со плута. Доколку имате едноставен, еднобоен фустан, ставете ѓердан со долг ланец и впечатлив медалјон со силна боја.

Прегледи:
503
Објавено на:
28.08.2019