Категории

Што да правите ако вашиот сопруг е „мамин син“

За почеток, ова не е толку лошо.

Ако мажот е близок со својата мајка, тој ги почитува сите жени и нивните мислења. Од друга страна, секогаш е тешко и тажно кога некоја личност не е во состојба да превземе никаков чекор без неговите родители. Мора да се изборите со тоа, а еве и како!

 

Не подлегнувајте на неговите провокации, верувања и барања

Мамините синови ја третираат својата сопруга како да е нивна мајка: односно очекуваат тие да им попуштат во сè и да ги задоволат нивните потреби. Запрете го ова одма. Објаснете му дека не сте негова мајка и дека нема да ги соберете чорапи по него во станот. Покажете карактер. Тој може да се однесува како петгодишно дете со својата мајка, но со вас тоа однесување нема да му успее. Упорно игнорирајте ги сите провокации.

 

Не се согласувајте да живеете со неговата мајка

Преселувањето во нејзината куќа е лоша идеја. Живеејќи под ист покрив, нема да можете да ги избегнете семејни недоразбирања, ситни кавги и други тешкотии. Вас во оваа ситуација ќе ви биде најтешко, вашиот сопруг секогаш ќе ја зазема страната на неговата мајка. Секогаш ќе бидете вие виновни. Ако сè уште не можете да си дозволите сопствен дом, а неговата мајка срдечно ве поканува, учтиво одбијте. Оставете ја настрана идејата да живеете заедно сè додека не сте финансиски подготвени.

 

Избегнувајте кавги со неговата мајка

Ваша задача е да ја направите неговата мајка сојузник, а не непријател. Затоа, не ја напаѓајте со обвинувања и приговори и не одбивајте да комуницирате со неа. Бидете трпеливи. Покажете почит кон неговата мајка. Љубезно слушајте ги нејзините совети и нејзините забелешки. Ако ве посетува еднаш месечно – нема проблем, но доколку сака да ве посетува секој ден – мирно наговестете дека посетите мора да бидат одложени.

 

Не дозволувајте свекрвата да одлучува за вас

Едно е кога неговата мајка го искажува своето мислење или дава мудар совет. А сосема друго – кога таа одлучува наместо вас. Никогаш не дозволувајте неговата мајка да се меша во вашата врска. Големи набавки, родителство, одмори и особено несогласувањата – само вие и вашиот партнер треба да одлучувате за вакви проблеми.

Прегледи:
1090
Објавено на:
24.10.2019