Што е функционален фитнес и зошто е оваа дисциплина одличен избор за вас?

Функционалниот фитнес е дисциплина во вежбањето која што го подготвува телото за движења и активности во реалниот живот. Функционалниот тренинг или функционално движење, ги насочува вашите мускули да работат заедно и ги подготвува за секојдневни задачи со стимулирање на обични движења кои што може да ги правите дома, на работа или при спортска активност. Движењата како што се чучњеви, истегнување, влечење и кревање ќе бидат олеснети преку функционалниот фитнес интегриран во вашата рутина за вежбање.

Компоненти на функционалниот фитнес

Постојат неколку компоненти на функционалниот фитнес. Пред да започнете да се движите слободно во вашето секојдневие, без да се плашите од можни повреди, мора да ја совладате основата. Тоа вклучува сила, баланс/координација, јачина, ранг на движење и мобилност. Практикувајќи ги овие компоненти, ќе имате голем број на придобивки во вашиот секојдневен живот. Движењата како пешачење, џогирање, трчање, скокање, истегнување, туркање, влечење, вртење, застанување, качување ќе го олестан вежбањето, а истовремено ќе ја зголемат вашата функционална сила.

Како да знаете дали функционалниот фитнес е за вас?

Кога започнувате да вежбате, оосбено е важно е да започнете со темпо на почетник. Ако функционалниот фитнес звучи како нешто што ве интересира, важно е да размислите за методот со кој ќе ги извршувате овие вежби. Се препорачува да започнете со вежби кои ја користат само својата телесна тежина за отпор. Овој стил на вежбање треба да се индивидуализира, а со следењето на програмата ќе постигнете најголем успех, но програмата треба да биде прилагодена на секоја индивидуа со цел да им помогне да ги постигнат своите цели преку фокусирање на вежбите. Додека групните часови за фитнес може да бидат корисни за некои, индивидуализираната програма ви обезбедува успех преку зајакнување на вашите специфични слабости и прилагодени вежби кон вашите можности. Без оглед на начинот на тренинг кој ќе го изберете, функционалниот фитнес ќе ги оптимизира вашите перформанси внатре и надвор од салата.

Што е функционално тренирање?

Накратко, функционалниот фитнес е нешто што е вкоренето кај сите нас. Нашите тела се развиени со намера сите наши мускули да работат заедно и да се поддржуваат едни со други за да остварат одредени движења и задачи. Изолирањето на одредени групи на мускули за да добијат поголема маса не ја претставува природната функција на нашите тела. Она што денес е познато под поимот функционален фитнес или „модерен функционален фитнес“ беше развиен врз основа на рехабилитација и терапија. Професионалните терапевти и киропрактичари честопати користеле функционален фитнес за да ги излечат пациентите кои страдаат од нарушувања во движењето.

Без разлика дали тоа станувало збор за несреќен случај, повреда, хируршки зафат или проблем при основните способности при движење, функционалниот фитнес им бил „препишана“ на пациентите за да им помогне да ги поправат своите слабости со цел да живеат подобар и квалитетен живот. На пример, кај лицето со операција на колкот, ќе бидат дадени вежби што имитираат движења кои ги прават дома или на работа, со цел да им помогнат успешно да се вратат во секојдневието без пречки. Ако тоа лице има дете, неговиот тренинг би бил насочен кон умерено кревање и подвижност на повредениот дел од телото. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kbkrabotnickiadora (@kbkrabotnickiadora) on


Придобивки од функционалниот фитнес

Покрај тоа што го обликува вашето тело и мускули, функционалниот фитнес има голем број придобивки. Главните придобивки се однесуваат на вашето здравје, секојдневниот живот и атлетските перформанси. Да разгледаме пет од главните придобивки од функционалниот фитнес:

  • Го подобрува секојдневниот живот: Со подобрување на целокупната функција на вашето тело, зајакнување на мускулната сила и издржливост и развој на стабилност на мускулите и телото, секојдневните активности можат да се завршат со леснотија. Во споредба со конвенционалниот тренинг, придобивките од функционалниот фитнес имаат тенденција да влијаат над сè, бидејќи тој е насочен кон движењата што ги правиме секој ден. Покрај тоа, функционалниот фитнес го подобрува целокупниот квалитет на животот поради факторот за намалување на стресот. Овој вид на тренинг е обично позабавен од другите бидејќи во суштина тренирате за вашето секојдневие.
  • Поголема меморија на мускулите: Со редовно вежбање функционален фитнес не само што градите мускулна сила и јадрото, туку всушност го вежбате и мозокот – ефикасно ја зајакнувате меморијата на мозокот.
  • Зголемена подвижност: Функционалниот фитнес помага за подобрување на рамнотежата, координацијата, флексибилноста, јачината на мускулите и агилноста. Сите овие компоненти ќе ја зголемат вашата мобилност, а тоа е од особено значење за вашиот секојдневен живот.
  • Ја подобрува рамнотежата и држењето на телото: Бидејќи функционалниот фитнес се однесува на тренирање на телото во кое сите мускули работат заедно, наместо насочена обука која се фокусира само на одредени мускули, целокупната сила и рамнотежа се подобруваат. Тренирањето на мускулите за правилно управување со тежината, исто така, ќе го намали стресот на телото. За возврат, држењето на телото ќе се подобри.
  • Намален ризик од повреди: Со имитирање на движењата од секојдневниот живот, телото многу полесно ќе ги издржува и ќе се справува со стресовите. Функционалниот фитнес тренинг ја зацврстува мускулатурата и лигаментите, кои се области најподложни на повреди. Иако ова е само консолидиран список на придобивки, лесно е да се види дека функционалниот фитнес може да биде од голема корист за вашата благосостојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kbkrabotnickiadora (@kbkrabotnickiadora) on


На кој начин се разликува функционалниот фитнес од другите видови на вежби?

Функционалниот фитнес е дизајниран да ве подготви за сите аспекти од животот, не само успешно да ги кревате тешките тегови во салата. Ако можете да подигнете тегови со огромна тежина, но губите здив при одењето од вашиот автомобил до влезната врата, функционалниот фитнес е токму она што ви треба. Овој стил на вежбање многу лесно ќе се пренесе во вашиот секојдневен живот. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kbkrabotnickiadora (@kbkrabotnickiadora) on

Доколку сакате и вие да бидете физички активни, применувајќи ги движењата од секојдневниот живот, да го обликувате вашето тело и да се ослободите од секојдневниот стрес, посетете ги часовите по функционален фитнес во рамките на КБК Работнички Адора, каде што покрај кик-бокс постојат и групи наменети токму за оваа дисциплина. Почувствувајте ги сите придобивки на вашето тело и организам, обезбедувајќи му подобар и подолг живот. Уверете се зошто КБК Работнички Адора е вистинскиот избор за вас!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kbkrabotnickiadora (@kbkrabotnickiadora) on




Коментари

[fbcomments]