Што е козметички пост и зошто морате да го пробате за време на карантинот

Да се преживее ерата на коронавирусот и да останеме убави е доста важна задача

Пандемијата на коронавирусот го промени секојдневието на секој од нас. Сите луѓе се принудени на изолација и ограничен котакт  со надворешниот свет. ТОа значи дека во наредниот период никој нема да ве гледа а тоа можете да го насочите во ваша корист, дури и да се работи за beauty рутина. А баш од оваа околност е возможно да го извлечете максимумот и да го испробате козметичкиот пост.

Да, во буквална смисла тоа значи гладување на кожата.

Што е всушност козметичкиот пост?
Специјалистите за нега советуваат да се применува овој пост наменет за кожата така што ќе се откажете од козметика барем неколку дена. Апсолутно. Од шминка па се до сите сретства за нега на кожата.

Логиката е следна: Модерната жена ја навикнува својата кожа на претерани козметички третмани така што кожата заборава како да води сметка самата за себе.

Со едноставни зборови, вашата кожа повторно ќе почне да се храни во недостатокот на козметичкиот допинг.

Во нормални услови ваквиот „детокс“ возможен е само навечер, додека во текот на денот кожата мора да биде заштитена од прашината, нечистотијата и зрачењето.
Сепак, во карантин можете да одибете се, само мијте го лицето со топла вода. Секако овој пост е само привремена мерка. После карантинот морате да излезете од дома и секако морате да употребувате крема за заштита од сонцето.




Коментари

[fbcomments]