Што е љубов ? – низ стиховите на Ана Голејшка

Девојката од градот која живее и љуби. За нејзината поезија е кажано дека е како вкусна потпечена турлитава полна љубов и страст.

Чувството што во себе го кријат малите работи често е љубов, суштинска емоција која станува составен материјал од нивното постоење. Низ стиховите на песните склопени во Напишан дом секое мало парче љубов си добива своја димензија од Џемперот и Топлите крофнички до Одморот и  Зајдисонцето над езерото. Но, Што е љубов ? – уживајте во стиховите со кои започнува второто дело на поетесата Ана Голејшка:

Што е љубов?

љубов се многу работи

апаретчето за мерење притисок пример

ги вкрстува притисоците на мајка ми и татко ми

секој ден наизменично се мери

љубов е и тивкиот договор помеѓу мене и него кој да ги измие 

садовите

кутичето за клучеви во ходникот

Јорганите здиплени. Меѓу нив заталкан чорап.

љубов е поштенско сандаче

тегла со стакло од смокви

другарска посвета во книга

и сите новороденчиња што си ги бараат идните денови.




Коментари

[fbcomments]