Што е полошо од неверството за една врска?

За повеќето луѓе неверството е причина за крај на врската. Сепак, многу парови мислат дека има и полоши чувства од чувството кое го имате кога ќе дознаете дека сте изневерени.

Американските научници спровеле анкета на темата „Што може да боли повеќе од неверството?“

Овие се едни од најчестите одговори:

  • Да се откаже од врската? Повеќе би сакала да ме изневери отколку да ми каже дека повеќе не ме сака.
  • Да се довери на некој друг за нашите проблеми, наместо да разговара со мене.
  • Секоја болест на зависности е многу полоша од неверството.
  • Чувството кога би дознала дека некоја моја тајна ја споделил со другите без мое одобрување.
  • Лажење! Дури и да се напие и да има секс со некоја друга, се случува. Не би сакала тоа да се случи, но едноставно така е. Ако ми каже веднаш, ќе најдеме начин тоа да го решиме. Мислам дека многу луѓе ја потценуваат важноста на бруталната искреност во врските!
  • Ако децата ги сврти против мене. Не би знаела како да се изборам со тоа.
  • Ако зборува за мене позади мојот грб на моите родители.
  • Постојано лажење. Поинакви се бенигните лаги, но ако после неколку години дознаам за сите лаги одеднаш, тоа би се повредило повеќе отколку да имал афера.
  • Ако ми каже дека не му се допаѓам како личност.



Коментари

коментари