Категории

Што е токсична позитивност и како да се справите со неа?

Иако знаеме дека доаѓаат со добра и позитивна намера, меми и слики кои ни даваат инструкции да одбереме среќа или да зрачиме само со добри вибрации, знаат да бидат фрустрирачки. Всушност, ако сте среќни и без тоа ќе бидете среќни, но ако нешто лошо ви се случува во моментот, таквите слики може да дадат сосема спротивен ефект. Ова е само мал дел од токсична позитивност.

30 Mental Hacks That Will Boost Your Positivity - Better ...

Што е всушност токсична позитивност? Има повеќе дефиниции. Една која најдобро го објаснува концептот, е дефиницијата на Др. Жаим Зукерман, клинички психолог. Таа гласи вака:

„Токсична позитивност е претпоставката, од себеси или од другите, дека без разлика на емоционалната болка или тешка ситуација, треба секогаш да се има позитивен мисловен склоп или, терминот кој го мразам, „позитивни вибрации“.

Зукерман вика дека токсичната позитивност завзема многу форми, вклучувајќи: пријател или роднина кој ви вика дека не треба да се грижите за нешто, наместо да ве исслуша; коментари како: „гледај на светлата страна“, „биди благодарен за она што го имаш“, „би можело да е многу полошо“, „ако размислуваш позитивно, ќе ти се случуваат позитивни работи“; и сл.

What’s Your Positivity Ratio? Take the Positivity Quiz and ...

Зошто е штетна токсичната позитивност?

Не се сите среќни луѓе токсични. Напротив – не би пишувале на блог наречен Среќа ако го мислевме ова. Искреното искажување на среќа е убаво. Проблемите започнуваат кога ќе се обидете да ја форсирате позитивноста на други и тие се чувствуваат уште полошо, бидејќи чувствуваат други емоции кои вие ги инвалидизирате.  Каролин Карол, психотерапевт од Балтимор, вика:

„Притисокот да изгледаме ОК, ги инвалидизира емоциите кои ги чувствуваме. Дава впечаток дека сте дефективни ако се чувствувате лошо, што понатаму се интернализира како верување дека сте неадекватни или слаби. Ако се судите себеси затоа што чувствувате тага, болка, љубомора – кои се нормални човечки искуства и емоции – води до секундарни емоции, како срам, кои се многу поинтензивни и потешки за справување. Тие не’ одвраќаат од вистинскиот  проблем кој го имаме и не ни даваат простор за себе-емпатија, која е битна за нашето ментално здравје.“

Луѓето кои се тажни, депресивни, кои жалат, се некомотни, нормално. Но не е нивна одговорност да се преправаат дека се среќни за да ве направат вам да се чувствувате комотно! Нивната тага е побитна од вашата комоција.

The Tyranny of Relentless Positivity - Mindful

Како да се справите со токсична позитивност, кај себеси и кај другите

  1. Избегнувајте да ги игнорирате или да ги репресирате емоциите.
  2. Слушајте ги и валидизирајте ги другите луѓе, дури и ако нивната тага ве прави некомотни.
  3. Не нудете непобарани совети.
  4. Не срамете никого, вклучувајќи се себеси, за емоциите.
  5. Сетете се дека чувствата на тага, негативност, или генерално не-добробит, се нормални.
  6. Не сте лимитирани на една емоција едновремено. На пример, може да сте генерално нервозни и тажни поради една работа, а да искусувате моменти на среќа поради некој фактор.
  7. Бидете реалистични во врска со себеси и своите емоции.
  8. Паузирајте од социјални медиуми.
Прегледи:
670
Објавено на:
09.09.2020