Категории

Што и да се случува, сети се дека Бог е секогаш покрај тебе

Кога луѓето ќе те повредат, ќе скршат еден дел од тебе, ќе почнат да се однесуваат спрема тебе како на некој подолу од нив, немој да размислуваш за освета.

Немој да започнуваш круг кој нема крај. Немој да чекаш прилика кога ќе им вратиш за сето она кое ти го сториле, сети се само на едно. Сети се дека Бог гледа се. Сети се дека тој беше тука кога се случуваше сето тоа и дека стоеше покрај тебе. Сети се дека тој ја гледа и чувствува твојата болка и нека тоа ти биде доволно.

Сети се дека Бог го чувствува твоето страдање, ја чувствува потребата да добиеш задоволство за нанесената повреда и ја гледа твојата желба за одмазда. Знае дека не ти е лесно, знае дека се броиш со себе и се прашуваш каков е овој свет во кој страдаат оние луѓе кои се искрени и отворени, добронамерни и сочувствутелни. Освет тоа, сети се дека Тој не сака ти да бидеш судија и дека се низ кое си поминал е една голема лекција на животот.

Кога и да те повредат, сети се дека Бог сочувствува со тебе и сака да го пронајдеш своето најдобро решение. Сака да се завртиш кон иднината и да престанеш да гледаш во минатото. Сети се дека Бог ги гледа твоите тешкотии и ти дава сила чекор по чекор да излезеш од својот немир.
Што и да се случува, сети се дека Бог секогаш стои покрај тебе.