Категории

Што јаде малиот британски принц во училиште?

Што се однесува до јадењето на училиште, децата имаат навика да носат јадење приготвено од дома или пак да ручаат тоа што е на дневното мени во кујната. Но, принцот Џорџ е вистински мал принц.

Неговото мени е разновидно. Тој може да одбере меѓу говедски медалјони во италијански сос со рендан органски кашкавал или на пример, пилешко со печурки и компир.

Принцот може да одбере и свински колбаси со помфрит, кечап и грашок, но оброкот може да биде и вегетаријански доколку тој не сака да јаде месо. На пример, може да јаде сладок компир и тиква, тортелини со спанаќ и рикота, во сос од домати или пак, пикантно бурито со сирење.

Што се однесува до десертот, тој најчесто јаде овошје, пита полнета со овошје, желе и пудинг.

 

Прегледи:
330
Објавено на:
16.01.2018