Категории

Што ќе се случува утре во спортскиот центар Аеродром ?

По ланското успешно издание на кое 160 музичари од цела Македонија приредија 10 дневен фудбалски спектакл, стартува второто издание насловено како „Музички Куп 2017“.

Пејачи, текстописци, аранжери, продуценти, музички новинари, диџеи, танчери и играорци се професиите на сите оние љубители на фудбалот кои ќе бидат дел од второто издание на единствениот турнир во мал фудбал помеѓу музичари на Македонија.
12 екипи поделени во четири групи почнувајќи од 24 март до 2 април ќе ги одмерат силите во спортскиот центар Аеродром, но не во тоа кој пее, игра или свири поубаво, туку во тоа кој знае најдобро да „танцува“ со топката.
И оваа година главен организатор на „Музичкиот Куп 2017“ е виолинистот Илија Филиповски од група Маестро кој освен големата желба и талент за музика, секојдневие му е и фудбалот.
„Како резултат на позитивните коментaри и импресии од минатогодишниот турнир и оваа година ќе се одржи турнирот во мал фудбал на музичарите од Македонија „Музички Куп 2017“. Целта на овој настан е забавата и дружењето помеѓу музичарите да биде преточено на фудбалскиот терен. На овој куп ќе учествуваат најпопуларните бендови и пејачи од Македонија, а натпреварите ќе бидат од забавен карактер без парични награди“, вели членот на групата Маестро.
Фудбалскиот турнир ќе се игра на вештачка трева со две полувремиња по 20 минути. Минатата година шампион беше Оооо тешкото, второто место го освои Монтевидео од Прилеп, а Поп рок фолк заврши трет.
Група А: Биоритам, Група Фортуна, Монтевидео и Премиер Бенд
Група Б: Тешкото, Биг Бенд, Либеро Бенд и Стара лира-Монистра
Група Ц: Поп Рок Фолк, Алтернатори, Група Маестро и Ку Бенд

Повеќе информации на нивниот веб сајт

Извор : off.net.mk

Прегледи:
529
Објавено на:
23.03.2017