Што луѓето прво го забележуваат кога ви доаѓаат на гости?

Пристигнувањето на гости обично се прогласува за вонредна состојба, кога е неопходно куќата да се исчисти и да блеска. Но знаете ли што навистина го забележуваат луѓето кога ви доаѓаат на гости?

Мирис. Декорациите сигурно не се првото нешто што ќе го забележат вашите гости кога ќе влезат во вашиот дом. Тие прво ќе го забележат мирисот.
Бар. Добро опремен бар со вино и разни пијалоци е одличен детал во секој дом. Ова ќе го привлече вниманието на вашите гости веднаш.
Свежо цвеќе. Дури и ако ја исчистивте темелно собата пред доаѓањето на гостите, ако на видливо место ставите вазна со букет свежо цвеќе, вашите гости најмногу ќе се фокусираат токму на тој детал.

Уредна бања. Бањата е огледалото на куќата. Пред да ви пристигнат гостите доволно е да ставите чисти пешкири, да ги фрлите користените ролни и да го измиете мијалникот.
Уредно предсобје. Првиот впечаток е многу важен, затоа, пред да ви дојдат гостите отстранете ги обувките од ходникот.




Коментари

коментари