Категории

Што мислат жените – Кога е вистинското време за брак?

Во кои години е најидеално да се заплови во брачните води?

Кога ќе ги преминат своите триесетти, жените најчесто се соочуваат со „недостаток“ на мажи, затоа што многу од нив веќе одамна се ожениле, некои се разведени а поедини се вдовци. Во тие години жените за жал добиваат епитет на „стари моми“, а од прашањето кое започнува од блиската фамилија, па се до комшиите „Кога ќе се омажеш?“, не можат да се одбранат.

Секако, денес не е воопшто ништо ново да се склопи брак во и по 30-тата,, затоа што девојките најчесто прво сакаат да завршат факултет, да се вработат, да се осамостојат, па дури потоа да запловат во брачните води.
Но нити тоа не е така лесно, затоа што после триесеттите, тие се многу повнимателни, па многу добро размислуваат и премислуваат пред да се одлучат да го кажат судбоносното „да“, па затоа им е потешко да изберат партнер за целиот живот.

Спрема мислењето на стручњаците, вистинското време за влегување во добар и успешен брак се доцните дваесетти, затоа што жената тогаш има самодоверба, искуство и полесно го проценува партнерот. Од друга страна, ова се коси со биолошкиот час кој отчукува според кој медицината вели дека идеално време за мајчинство е 23-тата година.

После завршеното средно училиште, обично голем дел се запишува на факултет и сака да продолжи да се надоградува со цел да има шанси за подобро вработување. Тогаш започнуваат да градат кариера, да патуваат и да стекнуваат нови пријатели. Голем број девојки денес планираат да се омажат дури после 35-тата година, затоа што до тогаш сакаат, да го живеат животот.

Која е предноста во бракот после 30-тата?
Предноста е во тоа што после триесеттата, жената е во главно изградена личност, има своја кариера, знае што сака и секако подобро умее да процени со каков маж сака да го планира својот заеднички живот. Влегувањето во четириесеттата, на жените им донесува повеќе самодоверба, а тие веќе знаат како да проценат дали емотивната врска се движи во посакуваниот правец.
Исто така, тие не се плашат да го побараат она кое го очекуваат од партнерот или да заминат доколку не го добијат она кое го посакуваат од него.

Прегледи:
456
Објавено на:
06.05.2020