Категории

Што може да научиме од караниците во врската?

Некои кавги се добри, а некои лоши – каде е границата?

Доколку сте во врска, нормално е да имате несогласувања па дури и кавги во одреден момент. Но, како да ја поставиме границата помеѓу добри и лоши кавги? Кои кавги покажуваат дека врската или бракот функционира, а кои дека нешто не е во ред? 

Експертите имаат неколку совети како кавгите да ги претворите во продуктивен разговор и да ја зајакнете својата врска, наместо да ја уништите.

Караниците се потполно здрави и нормални во една врска, но кога кавгата преминува од конструктивна во навредувачка и болна, може да предизвика многубројни проблеми. Секоја врска има “црвени зони”, теми кои е најдобро да не се отвораат или линии кои не се преминуваат за доброто на врската со партнерот. Преминувањето на “црвената зона” може да доведе до депресија, нарушување на самодовербата и чувство на пониска вредност. Ова е токсично за секоја врска, бидејќи ако не сте способни да ги почитувате границите на партнерот, врската е едноставно неодржлива. Кавгите од овој степен не се продуктивни и не придонесуваат позитивно за развојот на врската.

Доколку постои проблем за кој треба да се дискутира, претворете го во разговор наместо во кавга и на смирен начин објаснете го проблемот. “Наместо да кажете ‘Никогаш не поминуваме време заедно! Имаш време само за другарите’, обидете се да кажете, ‘Кога не сме заедно се чувствувам осамено. Дали би сакал почнеме да се гледаме еднаш неделно, наместо еднаш месечно?’ На овој начин, го посочувате проблемот но, исто така барате решение. Водењето конструктивен разговор со одредена цел секогаш носи позитивни резултати”.

Доколку имате конструктивна кавга (која всушност, повеќе е интензивен и емоционален разговор), ќе продолжите да развивате сѐ поблизок однос. Подобра комуникација доведува до поголем успех, а тоа резултира и со помалку кавги!

Прегледи:
488
Објавено на:
20.06.2017