Категории

Што мразат хороскопските знаци: Бикот непочитување, а Лавот срамежливост

Сите хороскопски знаци имаат по некоја карактеристика која не ја сакаат кај луѓето. Затоа мошне е добро да внимавате да не ја поседувате токму таа одлика доколку сакате некого да освоите. Што е тоа што мрази секој хороскопски знак прочитајте во продолжение…

Овен

Посесивност – Луѓето родени во овој знак сакаат да се независни па посесивен партнер никако не им одговара.

Бик

Недостаток на почит – Биковите се многу горди и сакаат нивниот партнер да ги почитува, бидејќи и тие го почитуваат него. Ќе ја прекинат врската ако ова не го добиваат од својот партнер.

Близнаци

Резервираност – Близнаците се многу активни и друштвени, па не им одговара резервиран партнер. Повлечените или оние нерасположените типови на луѓе не се идеални партнери за нив.

Рак

Затвореност – Ракот нема да биде среќен во врска во која партнерот крие нешто од него. Многу е емотивен и сака да разговара во врска со се со партнерот, да се отворени и искрени еден кон друг.

Лав

Срамежливост – Лавовите сакаат предизвици, некој кој ќе им се спротивстави и ќе ги мотивира а мразат срамежливи луѓе.

Девица

Неамбициозност – За Девицата кариерата и успехот им е многу важна, па тоа го очекуваат и од партнерот. Врската со некој кој не е амбициозен и кој е пасивен, нема долго да им трае.

Вага

Негативност – Овие луѓе се оптимисти и не сакаат луѓе кои прават драми без врска, како и негативни личности. Сакаат да се опкружени со позитивна атмосфера од која ќе се чувствуваат уште подобро.

Шкорпија

Лажење –  Тие се искрени и многу ја ценат таа особина и кај другите луѓе, особено кај партнерот. Затоа мразат и најмала лага.

Стрелец

Мрзливост – тие се секогаш во движење, авантуристи се и секогаш сакаат да видат и да доживеат нешто ново. Слаба страна им се мрзеливите луѓе.

Јарец

Неодговорност – Јарците знаат што сакаат и како да дојдат до тоа, сакаат да се опкружени со луѓе на кои може да се потпрат и неодговорен партнер само ќе им пречи во животот.

Водолија

Практичност  – Водолијата се чуствува непријатно со реалистични луѓе, бидејќи самите тие живеат во облаци. На нив им треба некој со кој ќе сонуваат, па макар и соништата биле целосно неисполниви.

Риби

Нечувствителност – Рибите се многу емотивни, па нечија нечувствителност ги одбива. Никако не може да се среќни во врска со себични луѓе, кои воопшто не се грижат за другите.

Извор : brkajrabota.mk

Прегледи:
432
Објавено на:
09.05.2017