Што му се случува на нашето тело кога сме заљубени?

Пеперутките во стомакот активираат дури 12 подрачја во мозокот кои дотогаш „спијат“. Група научници спровеле истражување со кое докажале дека, кога ќе се вљубиме, се менува односот на хормоните и ритамот на срцето. Се успорува дури и крвниот притисок.

Студијата во која учествувале дури 1.200 испитаници од различни возрасти, открила и други ефекти на заљубеност.

Збогум на болките

Се што неодамна не болело, веќе не боли. Заљубеноста ги активира рецепторите во мозокот на кои инаку делуваат аналгетиците.

Кажете му збогум на сонот

Толку размислуваме и сонуваме за партнерот што не ни се ни спие, а и ако заспиеме во пристојно време, се будиме порано од било кога.

Расеани сме

Во мозокот доаѓа до ослободување на хормонот окситоцин, а тој суптилно ја кочи меморијата и не прави заборавени и расеани.

Храната е посебно вкусна

Не јадеме многу, но се што ќе изедеме ни се чини повкусно од обично.




Коментари

коментари