Што му се случува на вашето тело по само 8 недели вежбање пилатес?

Убавината на пилатесот е фактот што било кој, во било која возраст може да почне да вежба. Со контролирани и динамични движења можете комплетно да го обликувате телото. Пилатесот нуди техника која е прилагодена и за мажи и за жени. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Еден важен фактор кој треба да го запомните е дека силата не значи маса. Лесно е да се помешаат овие два поими со оглед на тоа дека многу луѓе посветуваат време во теретаните дигајќи големи тежини. Пилатесот те тера да размислуваш за она што го правиш. Преку фокусирањето на умот, регулирање на дишењето и искористување на внатрешниот отпор, пилатесот е исклучително моќен начин за тонирање на телото.

Првото и најпрофесионално пилатес студио кај нас, PowerHouse Pilates преку своето долгогодишно искуство во пилатесот ги пренесува своите импресии од досегашните клиенти, наведувајќи ги клучните промени кои настануваат во телото по само 8 недели вежбање пилатес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Пилатесот ќе ја подобри вашата рамнотежа

Рамнотежата најчесто кога не се занимавате со спорт не е идеална. По само неколку недели вежбање пилатес, ќе ги почувствувате првите разлики во изведувањето на вежбите и движењата. Претходно имавте одредена нестабилност во држењето на телото при вежбањето, а сега рамнотежата е на повисоко ниво и вежбите ги извршувате на правилен начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Пилатесот ќе ви го зацврсти телото

За краток период ќе почувствувате дефинирање на стомакот и правилно држење на телото и кога не вежбате. Мускулите во телото може да се поделат на локални и глобални. Површинските мускули се одговорни за поголемите и моќни движења и се нарекуваат глобални. Мускулите кои се наоѓаат подлабоко во телото, имаат влијание врз стабилноста на целото тело.

Преку многу пилатес движења телото се учи да одржува рамнотежа, стабилност и флексибилност. На овој начин телото се зацврстува и одржува правилна позиција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Пилатесот ја зголемува флексибилноста

По неколку недели ќе почувствувате флексибилност и мобилност на телото. Телото добива зголемен опсег на движења во текот на различни вежби по само два месеци. 

Пилатес вежбите претставуваат динамични истегнувања, што значи дека тие се активни движења. Со користење на техниката на истегнување, се зголемува вашиот опсег на движење. Преку целокупната флексибилност на телото спречувате повреди, го подобрувате вашето држење и целокупното здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

Пилатесот влијае врз менталното здравје

Дишењето при изведувањето на јога и пилатес движењата докажано одлободува од стрес и притисок. Длабокото дишење ја подобрува циркулацијата на крвта во телото и помага при несоници. Пилатесот ја подобрува вашата психичка состојба поттикнувајќи го ендорфинот кој му ја дава силата на организмот и предизвикува позитивни емоции. Некои научни истражувања докажале дека вежбањето пилатес е тесно поврзано со зголемувањето на самодовербата, самоконтролата и споспобноста за прифаќање предизвици.

Започнете го новиот месец со нов пилатес предизвик, грижејќи се за своето ментално и физичко здравје. Изберете ја локацијата која најмногу ви одговара и препуштете ја грижата за вашето тело на професионалните инструкторки од PowerHouse Pilates.




Коментари

коментари