Што не ги привлекува мажите

Дамите се трудат да го привлечат вниманието на мажите и тоа е ОК.

Некои од начините за да гo привлечеме нивното внимание се функционални, додека другите нема да ни го донесат саканиот резултат.

Денес ви откриваме што е тоа што всушност го одбива посилниот пол.

1. Премногу шминка

Како што многупати досега сме кажале, шминката треба да ги скрие деловите кои не ни се допаѓаат и да ги истакне нашите предности.

Со претерување нема да го постигнеме саканиот резултат.

Ако тој добие впечаток дека се на вас е лажно, ќе мисли дека таква сте и како личност. Затоа бидете умерени.

2. Избегнување на храна

Броењето на калориите на мажите воопшто не им е привлечно. Повеќето од нив сакаат дами кои знаат да уживаат во храната.

3. Ако се сложувате со се што ќе каже

Нема да го придобиете ако со се се сложувате. Разговорот со некој кој нема сопствено мислење едноставно не е интересен.

4. Претерување со комплименти

Јасно е дека секој сака да добие комплимент, но ако претерувате нема да му изгледате искрено. Повторно не ја заборавајте умереноста.

5. Претеран физички контакт

По некој допир ќе му даде до знаење дека сте заинтересирана, но ако сте нападна можете да го одбиете од себе.




Коментари

коментари