Категории

Што нè очекува во 2017-та?

По напорната 2016-та, следува нова година, која за многу хороскопски знаци ќе биде успешна и мошне бериќетна.

Овен

Драги овни, пред вас е годината на промени кои најмногу ќе ги почувствувате на приватно поле и во односите со другите луѓе. Нештата несомнено се менуваат и тоа кон подобро. Релациите со луѓето се непредвидливи, па можно е во животот да ви се вратат стари познаници, а воедно и да ги прекинете односите со луѓе што ги познавате со години. Промените низ кои што ќе поминете во 2017-та ќе ви помогнат да се спознаете себе си и да го откриете својот целосен потенцијал. Во љубовта конечно ќе бидете подготвени да се смирите покрај еден партнер и да уживате во сè што носи врската, додека на работното поле ве очекува унапредување, доколку правилно играте со картите што ќе ви бидат дадени.

Среќни денови:
3 февруари и 3 март – одлични датуми за страсно заљубување, но и за финансиска добивка
28 април и 6 јуни – поволен период за подобрување на односите со луѓето

Бик

За биковите ова е година на експанзија на секое поле. Ќе се трудите да го дадете својот максимум во работата, а воедно и повеќе ќе се грижите за својот физички изглед. Во 2017-та можно е да водите двоен живот, од една страна предавајќи им се на страстите во тајност и не дозволувајќи луѓето да знаат за тоа, а од друга задржувајќи го имиџот што сите го имаат за вас. Ѕвездите ве советуваат да бидете малку поактивни и храбро да ги искористувате шансите кои ќе ви бидат дадени во текот на годината. На почетокот ова ќе ви звучи помалку страшно бидејќи не сте научени на промени, но потоа лесно ќе успеете да фатите ритам и да итате во вистинската насока.

Среќни денови:
6 јуни и 4 јули – денови кога се очекуваат подароци, признанија и многу внимание
7 ноември и 22 ноември – промени кои водат кон подобар живот

Близнаци

Променливиот карактер на Близнакот годинава доаѓа до израз во потполност. Ако барате нова работа тогаш крајот на мај е идеалниот период за да си ја испробате среќата на ова поле. Дали жалите за некоја пропуштена прилика? Годинава ќе ви овозможи да ја поправите својата грешка и да добиете втора шанса. Кога станува збор за љубовта, внимавајте што посакувате, зошто може да ви се исполни. Ова особено важи за оние кои се во долги врски, а имаат потреба за самодокажување преку флертување со други луѓе. Зошто да ги комплицирате нештата за нешто минливо?

Среќни денови:
20 јуни – поволен период за деловно докажување и професионално усовршување
6 јули и 30 јули – остварување на љубовните и финансиските планови

Рак

Во 2017-та ќе бидете помирни од порано. Забавите и лудувањата со пријателите, ќе ги замените со дружења во домашна атмосфера. Главниот фокус ќе ви биде насочен кон обезбедување на стабилност и благосостојба за семејството. Можеби ќе ви биде потребен поголем простор, зошто сте решиле да го проширите семејството, па заедно со партнерот/партнерката ќе тргнете во поход за нов дом или ќе направите значителни промени во стариот. Ова е година кога ќе размислувате и за идејата да заминете во странство. Доколку ви се пружи можност за работа надвор од земјата не ја испуштајте можноста.

Среќни денови:
31 јули и 25 август – неочекувани ситуации кои ќе ви донесат нови можности
9 декември и 31 декември – одличен период за љубов, а воедно и за проширување на семејството.

Лав

Лавовите сакаат сè да е под нивна контрола, но годинава конците ќе им избегаат од рака. Сепак, тоа не значи дека ќе се случи нешто лошо, туку дека ќе мораат да научат да се прилагодуваат кон промените. Стариот начин на живот веќе не функционира. Време е за нови предизвици на секое животно поле. Ако сакате да бидете сакани и да имате успешна љубовна врска, треба да им се посветите на луѓето, а не постојано да им давате изговори. Опуштете се и повеќе време поминувајте со своите сакани, особено со браќата и сестрите. На работно поле ви цветаат рози со оглед на тоа дека мошне посветено ги исполнувате обврските кои ви се дадени.

Среќни денови:
6 јули и 24 јули – деловни прилики
26 август и 9 септември – вашата магнетска привлечност ќе ви донесе многу обожаватели

Девица

Оваа година ќе бидете мошне активни на сексуално поле. Слободата што ќе ја имате во спалната соба, ќе ви даде дополнителна мотивација да бидете мошне успешни и на другите полиња. Ќе имате чувство дека одново го запознавате партнерот и имате можност да ја доживеете својата врска на еден сосема поинаков начин. Од јануари до октомври имате одлична можност за заработка, па затоа потрудете се максимално да го искористите овој период. Сепак, не се впуштајте во купување на недвижнини бидејќи во иднина ќе имате уште подобри прилики.

Среќни денови:
13 јануари и 31 јануари – супер период за активен друштвен живот
19 септември и 6 октомври – шанса за нова врска

 

1 2

Прегледи:
803
Објавено на:
03.01.2017