Категории

ШТО НЕ СМЕЕТЕ ДА ОБЛЕЧЕТЕ НА СВАДБА

Сигурно сте се нашле во ситуација кога не знаете дали некое парче е соодветно за на свадба или не. Она што одговара за ноќната прослава може да не одговара за во црква и обратно. Ние ќе ви помогнеме! Ова се 8 парчиња кои никогаш не смеете да ги облечете на свадба.

Бел фустан

Не е ваша свадба, па зошто да се облечете како невестата? Не велиме да не носите воопшто бело, но потрудете се тоа да го искомбинирате и со други бои и дизајни. Само стојте понастрана од сè што би носела невеста.

2

Блузонче

Блузоните и дуксерите (колку и да се слатки и удобни) едноставно не се за на свадба! Не смеете да си дозволите да облечете блузонче дури ни на крај  на свадбата кога ќе ви застуди. Наместо ова понесете си некое јакниче или пак елегантна марама.

3

Не смее да ви се гледа градникот

Градникот е долна облека, па зошто да не остане одоздола? Нема ништо срамно во носењето градник секако, но би било подобро да го покриете доколку одите на свадба. Изгледа некултурно и навредливо за останатите гости.

4

Не претерувајте со шминката

Нашминкајте се едноставно, а убаво. Ова е свадба, а не карневал на кловнови. Сигурно не сакате луѓето да можат да ја забележат вашата шминка и кога ќе се изгаснат светлата?

5

Животински дизајн

Доколку не присуствувате на тематска свадба со диви животни, оставете го животинскиот дизајн дома. Не велиме дека морате да носите розев, свилен фустан и да бидете нешто што не сте. Но разберете дека денот не наменет за вас и за вашиот леопардски дизајн кој толку го сакате!

6

Апостолки

Кога станува збор за чевли, апостолките се оние најобичните. Без разлика дали се со циркони и ви изгледаат елегантно, едноставно не се за на свадба! Како ќе се чувствувате доколку некој дојде со апостолки на вашата свадба? Наместо тоа одберете убави, софистицирани сандали.

Тексас

Тексасот го има во секакви модели: фармерки, сукњи, кошули, јакнички. Едни се поелегантни, други се едноставни, за секој ден. Но сепак каков било модел на тексас не е за на свадба. Наместо тексас одберете панталони од друг материјал, на пример лен, или пак свилена кошула. Имате толку многу други опции.

8

Црно

На свадба никогаш не се носи целосно црна комбинација. Па сепак е свадба, веселба, а не погреб! Не велиме дека не смеете да носите воопшто црно, но гледајте тоа да не биде целосен црн фустан, црни штикли и црна ташничка. Разиграјте со убав светол накит, интересни чевли и спремни сте.

9

Прегледи:
491
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
12.07.2016