Категории

Што ни препорачува Универзумот денес: Важна порака за 02 Февруари 2020 година

Порака на универзумот за 02 Февруари 2020 година – Порака за една дама која што дозволи нејзината самодоверба да и ја украдат …

Универзумот денес порачува:

 

Вие сте најубав цвет, само што од вашите трња не можете да ја видите вашата бесконечна убавина.

 

Каде се крие вашата самодоверба? Дали остана изгубена во темните агли на минатото?

 

Тргнете ја пајажина на заблудата од очите и погледнете се сами.

 

Секоја лузна на вашето тело или душа е трага од вашиот живот. Прифатете ја и ќе заздрави.

 

Вашето срце е големо, умот бистар, душата чиста како детска, а погледот нежен и заводлив.

 

Подигнете ја главата и одлучете – од денес повторно се сакам самата себеси.

 

Повторувајте секое утро – јас се прифаќам себеси каква што сум и сум подготвена да направам промени за подобар живот, подобри чувства.

Зачекорете, излезете од вашата зона на комфор и прифатете го животот со целата убавина и предизвици што ги носи.

 

Луѓето околу вас се благодарни што ве имаат, бидете благодарни и вие на Универзумот што се имате себеси.

Прегледи:
235
Објавено на:
02.02.2020