Што открива вашето омилено годишно време за вас?

Не постојат многу истражувања кои се занимаваат со влијанието на годишните времиња врз психата, меѓутоа температурата и количината на светлина ите како имаат свој удел во однесувањето и промената на расположението.

Се верува дека личностите родени во текот на пролетните и летните месеци се со весел дух и променливо расположение и се склони кон осцилации. Од друга страна, се смета дека есенските и зимските деца се помалку раздразливи.

Откријте што зборува вашето омилено годишно време за вас:

Пролет


Пролетта донесува подобрено време, деновите се долги, а природата е раскошна и зелена. Доколку токму ова годишно време ви е омилено, тоа значи дека сакате нови почетоци и копнеете кон нови искуства.

Лето
Летото донесува ведри сончеви денови и доцно заоѓање на сонцето, а ако тоа е вашиот избор, зборува дека сакате излегувања и активен живот. Летните месеци се створен за престојување на отворено и патувања, а доколку се препознавате во овој опис, вие сте дружењубива и екстровертна личност.

Есен

Есента ја обожаваат оние луѓе кои сакаат да поминуваат време со своите мисли, да размислуваат за животот, љубовта и среќата. Тие сакаат да планираат и се особено посветени на својата работа.

Зима


Доколку им се радувате на ниските температури, веројатно сте интровертна личност која ужива да поминува време дома. Топол џемпер и ќебе и вкусен напиток е вашата омилена комбинација.




Коментари

[fbcomments]