Што открива за вас домашната обврска која најмногу ја мразите ?

Секој од нас одредени домашни обврски ги извршува со повеќе волја, а други пак со помалку волја. Има и такви кои најмалку сакаме да ги работиме. Психолозите утврдиле што зборува за нас домашната обврска која најмалку ја сакаме.

 

Уредување на плакарот- вие сте оптимист
На крајот на сезоната посакувате да ги преуредите алиштата во плакарот, но се останува само на желбата. Во него се уште ги чувате алиштата стари и по 20 години, кои ви е жал да ги фрлите, мислејќи дека некогаш повторно ќе ви требаат, или пак имате премногу спомени поврзани со нив.

Чистење на фрижидерот- перфекционист сте, но неуредни
Да, и тоа е возможно затоа што перфекционистите најчесто не сакаат да работат нешто за кое не се сигурни дека ќе биде завршено. Меѓутоа, ако фрижидерот ви е толку хаотичен што не можете да се снајдете во него, тоа е знак дека би требало да бидете помалку строги кон себе.

Чистење када- спонтани сте и избегнувате долгорочни планови
Живеете од денес до утре и не ги разбирате тие кои функционираат со помош на роковници или секретарка. Исто е и со напорното чистење кое е најдобро да го оставите за утре.

Миење садови- вие сте креативец
Позитивен пристап  имате кон готвењето, но не и кон нечистите садови кои ќе останат после него. Додека готвите со часови, понекогаш немате волја дури ни да ги наредите садовите во машината за садови, ако ја имате. Ако ја немате, садовите се ваша вистинска ноќна мора.

Чистење на плочките во купатилото- имате широк ум
Ви изгледа како вашето купатило да е секогаш доволно чисто. Се правите дека не ги приметувате нечистотиите на плочките. Чистите само кога го менувате распоредот во купатилото или имате некоја голема генералка во станот.  Важни ви се деталите, но не и прашината.

Усисавање- вие сте уметничка душа
Кога сте приморани да усисавате, се трудите да фатите ритам во движењето на усисувачот горе-доле или се радувате на површината која е останата за усисување, а веќе се намалува. Секогаш викендот преферирате да го поминете читајќи, пишувајќи, цртајќи, танцувајќи, пеејќи, а најмалку што сакате е да усисувате.

Бришење прашина-реалистични сте
Пристапувате кон прашината како појава запрашувајќи се- зошто да ја бришете, кога повторно ќе се појави.. Всушност, такви прашата можете да си поставите и кон јадењето, но не. Прашината е досадна и повеќе би сакале да го реорганизирате или да го извадите мебелот на кој се наоѓа, отколку да ја избришете со крпа, па да ја чистите крпата, па повторно да бришете. Веќе сте уморни, зарем не ?




Коментари

коментари