Категории

Што откриваат Вашите испукани усни

Најчесто Вашите усни можат да испукаат од ветерот, ладниот воздух, или поради несоодветното внесување вода во организмот. Но тоа може да биде и друго пореметување во Вашиот организам.

Испуканите усни доколку редовно ги негувате, а нема никаков резултат, тоа говори за Вашаат здравствена состојба, дека нешто не е во ред со Вашето здравје.

Недостаток на витамини во организмот

Недостатокот на витамините Б2 и Б3 може да предизвика сушење и пукање на усните. Соодветниот внез на витамини во организмот е неопходен за правилно функционирање на Вашиот организам. Витаминот Б2 е одговорен за правилно функционирање на метаболизмот, регулирање на аминокиселините во крвта, и функционирање на сите ќелии во телото. Недостатокот на витаминот Б3 може да предизвика дерматитис, дијареа и ментални здравствени проблеми. Недостатокот на овој витамин може да се забележи доколку Вашите усни се испукани, имате подуени непца или пак проблем со јазикот. Доколку Вашите усни често се распукани и покрај негата која им ја пружате, сериозно треба да земете некоја замена за витаминот Б3.

Недоволен внез на вода во организмот

Недостатокот на вода во организмот може да предизвика дехидратација. Еден од првите знаци за дехидратација можат да бидат токму испуканите усни.  Претходните студии покажале дека недостатокот на вода го зголемува ризикот од болести на непцата, израстоци на  плакета и кариес. Препорачаната дневна количина на вода е осум чаши, или повеќе, ако вежбате редовно и зголемено потењето.

Алергија

Доколку Вашите усни испукаат после ставање на кармин, балзам или сјај за усни сигурно сте алергични на некоја од супстанците кои се содржат во нив. Исто така и некоја храна може да предизвика пукање на устата. Кога ќе откриете на што се сте алергични, избегнувајте ги тие производи и посоветувајте се со лекар околу земање на соодветен третман за ублажување на алергиската реакција.

Реакција на некои лекови

Лековите можат да предизвикаат пукање на усните. Лековите за хипотироидизам и регулирање на крвниот пристисок често предизвикуваат пукање на усните.

Преголемо внесување на витаминот А во организмот

Некогаш внесувањето на поголема количина на витамини може да предизвика несакани дејства за организмот. Преголемото количество на витаминот А во организмот може да предизвика пукање или крварење на устата.

Прегледи:
1855
Објавено на:
30.03.2016