Што означува зајакот? Симболика и верувања!

Зајак – за некои синоним за брзина, за други пак синоним за непостојаност. Од секогаш е опишуван како нежно, незаштитено животно кое при опасност секогаш избира да избега, наместо да се соочи. Сосема логично затоа што овие животни не можат да се пофалат со мускулеста градба. Но сепак, тоа не ги спречило  да бидат симбол на плодноста и сексуалното задоволство.

 

Зајакот го среќаваме уште во грчката традиција, каде што според податоците бил омилено животно на божицата на љубовта- Афродита. И во нордиската митологија зајакот е означен како верен следач на божицата на љубовта, сексот и магијата.
Во Египет зајакот бил симбол на Тот, а означувал и зора, создавање, нов почеток. Зајакот е поврзан со Месечината и од одамна е препишуван на божествата. Зајакот завзема значајно место и во христијанството, каде што освен универзалната симболика- плодност и страст, претставува и симбол на ново раѓање, на нов живот. Од таму е и јасната поврзаност на зајакот, пролетта и Велигден.

Среќа, радост, изобилство, семејство, живот и хармонија, надеж, но и внимателност и брза реакција во непредвидливи околности се најверојатно најзастапените карактеристики кои се поврзуваат со зајакот. Често го среќаваме во приказните како лукав советодавач кој нас, како Алиса, може да не однесе во земјата на чудата, но и да не шармира со своите досетливости како Душко Долгоушко.
Можеби токму затоа зајакот е се повеќе популарен куќен миленик, кој со своето присуство ја намалува напнатоста и ги смирува нервите на сопственикот.




Коментари

коментари