Категории

Што поголемиот дел од мажите сакаат, а што мразат во пораките кога се допишуваат со девојките

Постојат некои нешта кои мажите не сакаат да ги читат во пораките, но и такви кои ќе направат да „одлепат“ за вас, еве за што се работи..

Морате да знаете дека мажите не секогаш реагираат исто на пораките кои им ги испраќате како и вие. Бидејќи денес комуникацијата преку пораки  еден примарен начин на комуницирање, паметно е да го запомнете овој водиш за жени кој ќе ви открие што мажите сакаат, а што мразат да читаат во нив.
Еве кои нешта треба а кои никако не смеете да ги правите кога пишува пораки:

-Треба да бидете јасни
Ова е веројатна најважната разлика која морате да ја имате на ум кога се допишувате со маж. Чудните, долги и двосмислени пораки може повеќе да го одбијат отколку да го придобијат. Кога ќе му дадете јасен одговор на некое негово прашање без да вртите од околу и да му испраќате измешани сигнали, тој ќе сфати дека сакате отворена комуникација а не играње игри.

-Немојте да судите според тоа колку долго му треба да ви одговори на пораката
Немојте веднаш да заклучувате дека не му се допаѓате ако не ви одговорил во истата секунда. Можеби е на состанок, среде некоја работа или можеби не можел или не стигнал.

-Треба да испраќате ведри и забавни пораки
Таквите пораки секогаш се добри за почеток на разговорт. Ако му пружите кратка и забавна информација за себеси, веројатно и тој ќе се отвори и ќе ви возврати. Но, очекувајте тоа да се случи кога ќе се сретнете во живо. Мажите се визуелни битија, бидете трпеливи.

-Немојте да го лажете и да се претставувате наместо некој друг
Ти сакаш тој да те сфати каква личност си и таква да те прифати, а не да му нудиш лажна слика за себе и да мислиш дека тој посакува баш таква жена, а не тебе. Ако се правиш дека те интересираат нешта кои воопшто не ти се интересни само за да го привлечеш, размисли, тоа може да доведе до разочарување и кај него и кај тебе.

-Треба да му испраќате пораки во кои ќе го поканите на нешто кое го интересира
Ако на почетокот на врската си сигурна дека сакаш да излезеш со него, и си дознала дека сака сака фудбал, не мораш да лажеш дека и тебе ти е омилен спорт, но предложи му да одите на утакмица во недела. Веројатно ќе му биде драго што си се распрашала за него и ќе го цени твојот напор.

-Треба да испраќате пораки со малку алузија
Малку сексуална хемија, алузија и хумор ќе ви помогне да се „загрее“ за вас, Само морате да научите како да го испраќате овој вид на пораки.

-Немојте да му пишувате долги пораки
Запомнете, сеуште не ве запознал, зошто би сакал да чита долгометражни пораки за тоа што си сакала да кажеш, биди кратка и остави го да фантазира.