Категории

Што сѐ може да миете во машината за миење садови?

Секоја вистинска домаќинка мора да знае како да извлече максимум од сите кујнски уреди. Затоа треба да знаете што сѐ може да перете во машината за миење садови.

Раткапни

Пред да ги ставите во машина измијте ги од трева, кал и сѐ друго што може да го запуши одводот на машината.

Играчки

Некои препорачуваат гумените играчки да се замотаат во крпа или во кеса пред да се стават во машината за миење садови. Најдобро е пред миењето да ги прочитате ознаките на играчките.

Четки за коса

Влакната на четките за коса се силни и притисокот во машината за миење садови нема да ги оштети. Но, прво со рака исчистете ги влакната од коса кои останале на четката.

Сунѓери

Ако го исперете сунѓерот за миење садови во машина за миење садови ќе отстраните 99,9 отсто од сите бактерии, 99,8 проценти од салмонела и 99,86 отсто од бактеријата ешерихија коли.

Клучеви

Сте помислиле ли некогаш дека треба да ги исчистите клучевите? Отстранете ги сите меки делови од привезоците и ставете ги во машина за миење садови.

Кваки

Без разлика дали станува збор за елементи од кујна или метални кваки на вратите, отштрафете ги и убаво исчистите ги.

Јапонки

Искористете го нивниот дизајн. Исчистете ги и дочекајте ја спремни летната сезона.

Играчки за домашни миленици

Сите можни пластични и гумени играчки за домашните миленици може слободно да ги миете во машина, иако некои произведувачи препорачуваат да се мијат без сапун.

Прегледи:
378
Објавено на:
07.03.2017