Категории

ШТО СЕ МОЖЕТЕ ДА НАПРАВИТЕ СО ЛУШПА ОД БАНАНА?

Од првите кашички до Бананамен, скромната банана има посебно место во нашите срца. Но што е со нејзината лушпа? Погледнете ги овие девет начини на кои можете да ја искористите.

Светнете ги патиките и сребрениот прибор

Тријте ја со внатрешниот дел од луштата секоја површина на која и треба светнување. Потоа, поминете ја површината со крпа за блескав сјај.

Зачувајте го здравјето на вашите растенија

Две употреби во една – најпрво истријте ги листовите на домашните билки со лушпа од банана за да ги отстраните нечистотијата и да ги светнете, а потоа исечете ја лушпата и закопајте ја кај коренот за да ги избркате зелените вошки.

Намалете ја викливоста на лузните

Доколку имате лузна од која сакате да се ослободите тријте ја со внатрешноста на лушпата од банана, а потоа дозволете влажноста од баната да се исуши на кожата. Исушените остатоци избришете ги со влажна крпа. Бананите изобилуваат со калиум и антиоксиданси, кои ќе помогнат во намалување на видливоста на лузните.

Јадете ја лушпата!

Веќе знаете дека бананата е здрава, но и нејзината лушпа изобилува со јагледхидрати, витамин Б6 и витамин Б12. Или оставете ја бананата да созрее целосно и изедете ја лушпата свежа, или пак варете ја 10 минути. Можете да ја вметнете и во смути со други овошја.

Користете ја како помош при слабеење

Во овој случај најдобро е да користите лушпа од зелена банана. Додадете ја лушпата во смути за да го искористите нејзиниот отпорен скроб, кој поттикнува горење на мастите. Лушпата од банана е воедно богата и со витамин А, лутеин и влакна, па може да ви помогне да се чувствувате сити подолго време.

Изгорете ја

Истражувачите од Универзитетот во Нотингем создадоа брикети за горење од лушпа од банана кои можат да се користат како гориво за готвење, осветлување и огрев. Од лушпата била направена каша на која и се додадени дрвени струготини, а откако ќе се исуши смесата е спремна за горење.

Направете ѓубриво

Ставете ја лушпата во корпата за ѓубриво и додадете калиум и фосфор. Ваквото ѓубриво ќе му помогне на растението да го одржи здравјето и да има здрави корени. Само запомнете, не додавајте премногу од ѓубривото.

Пијте ја

Направете сок од лушпа од банана, додавајќи ја лушпата во зовриена вода. Ова ќе ги извлече соковите, давајќи ви вкусен сок кој можете да го додадете во смути или да го пиете самиот. Пред употреба измијте ја лушпата темелно.

Ослободете се од брадавиците

Тапкањето на брадавиците секоја вечер пред спиење со лушпа од банана подолг период ќе ви помогне да се ослободите од овој непријатен проблем. Тајната е во калиумот.

Прегледи:
492
Објавено на:
20.02.2016