Категории

Што се случи со лицето на The Weeknd? – Зошто музичарот пристигна во завои на доделувањето на АМА наградите

Доколку ги гледавте Американските Музички Награди 2020, сигурно го забележавте The Weeknd со целото лице прекриено со завои. Пеачот на овој начин се обиде да испрати моќна порака.

The Weeknd ја прими наградата за најдобар соул/р’н’б албум во завои и модрици.
Видовме сличен изглед и за време на доделувањето на 2020 MTV VMA и претходно во музичкото видео за песната „Blinding Lights“.

Заврзаната глава, вилица и нос, и модриците околу очите изгледаат како да се причина за тешка несреќа. Пеачот Абел не беше вистински повреден, нити правеше некоја пластична операција.
Всушност се работи за шминка која треба да ја побуди свеста за пијаното возење.
Тој остана верен на својата персона уште од 2020 година кога се појави на неколку јавни настани со ваков изглед.

Во интервјуто за спотот на „Blinding Lights“ видеото тој изјави: „Се работи за тоа кога сакаш да видиш некого доцна навечер, пијан си и возиш низ градот по улиците ослепен од светлата, но ништо не може да те запре да ја видиш таа личност. Затоа што си осамен. Не сакам да промовирам пијано возење, тоа е всушност поентата на овој изглед.“

Овој негов изглед покрена голема загриженост помеѓу неговите фанови кои откако ја открија вистината доделија пофалби за умешноста на мејкап артистите се тоа да изгледа толку реално.