Категории

Што се случува кога две души ќе се вљубат една во друга?

Да, љубовта е чудна и секогаш пронаоѓа свои непредвидливи патишта како да го оствари она кое го наумила..

Кога две души ќе се вљубат една во друга, не постои ништо друго освен жед да бидат еден покрај друг. Копнеат за присуството еден на друг, мелодијата на гласот, насмевката, бакнежите..

Душите немаат часовници и дати, тие едноставно немаат поим за времето, тие само чувствуваат празнина кога не се еден покрај друг, празнина која како да трае цела вечност.

Тие единствено знаат дека постои едно вистинско место на кое треба да бидат а тоа е да бидат заедно.
Тоа е она чувство како да ти фали половина од себеси, но твоето срце не ја препознава раздалеченоста, тоа не разбира што се случува во надворешниот свет. Тоа само бара начин како да го доведе другото покрај себе.