Категории

Што се случува кога сите околу вас се во брак а вие сте сами?

Можеби сеуште не сте го пронашле оној вистинскиот, но секако не сте се определиле за погрешниот и не сте прифатиле трошки од она што го сакате и го заслужувате. А тоа е нешто кое можете да им го набиете на нос на многу личности кои се во брак доколку се чувствувате загрозено.

Како сите да живеат некој посмислен, поисполнет, поорганизиран живот од вас – сите ваши пријателки се омажени, другари од средно се веќе татковци и сериозни луѓе, а времето очигледно тече. Се гледа во брчките и уморните насмевки, во прекорните погледи кои ве прашуваат „што чекате“ и кога не го изговараат тоа. А вие живеете на свој начин, колку и тоа да ве кошта. Се трудите, давате се од себе и се чувствувате како да не успевате, само затоа што немате маж и деца.
Ова се некои од нештата со кои постојано се соочувате.

Чувствувате притисок да докажувате дека ви е добро
Како може да ви биде добро кога живеете надвор од редот и стандардите? Морате да се потрудите да им докажете на сите дека ви е добро и дека нема причина да ве гледаат од високо и да се однесуваат како да знаат нешто што вие не го знаете.Морате секогаш да бидете дотерани, ведри, опуштени, да делувате луксузно и зафатено, како да брзате да извршите милион нешта, од кои не се знае кое е поинтересно и повозбудливо. Затоа што ако изгледате неуредно, уморно и досадно се знае зошто е тоа така – несреќни сте затоа што сите го имаат она кое вие го немате.
Вие намте право да имате проблеми, затоа зошто би ги имале? Ексклузивно право на проблеми имаат сериозните, ожените луѓе и омажените сопруги и мајки. Вие сте неозбилни. Сите тие глупости постојано се некаде на работ на мислите и предизвикуваат кофнликт во вас – иако го сакате својот живот и често ви е баш добро и верувате дека имате право како и сите други да живеете онака како што вам ви одговара. Само што мора малку повеќе да ви одговара отколку другите, за тоа да биде во ред.

Не ви треба многу за да одлучите дали сакате да бидете со некого и што се ви се допаѓа кај таа личност како и да препознаете можни точки на раскинување и нешта кои не можете да ги толерирате. Но не сакате да го губите времето и затоа лесно се препуштате и брзо се врзувате. Односите напредуваат доста брзо, но брзо и се завршуваат. Не морате да поминувате години со некого па да не ви успее. Може да не ви успее за неколку месеци а за тоа време мжете да проживеете цела љубовна драма од почеток до крај. Секако, вие не вложувате во односите за да не ги завршите што побрзо, туку со надеж дека овој пат ќе ви успее, затоа што ако ви успее, тогаш тоа е нешто кое е вистински вредно и посебно. Свесни сте дека поставувате големи барања и предизвици но го барате и најдоброто за себе.

Можеби сеуште не сте го пронашле оној вистинскиот, но секако не сте се определиле за погрешниот и не сте прифатиле трошки од она што го сакате и го заслужувате. А тоа е нешто кое можете да им го набиете на нос на многу личности кои се во брак доколку се чувствувате загрозено.

Сите избори и можности се сеуште пред вас – никогаш не е доцна за љубов и партнерство. Ако откриете дека тоа е она кое вистински го сакате или ако ја сретнете вистинската личност. А тоа е многу повеќе од она што го имаат многумина кои веќе имаат партнери.

Дури и ако за вас љубовта е се – тоа не мора да биде партнерска љубов, нити родителска. Има многу начини љубовта да се манифестира во вашиот живот и на вам ви преостанува да истражувате и да се остварувате себеси, со љубов спрема себе и се што правите и се што е. Вашиот стил на живот е ваш избор, и секој избор има цена и секој ја плаќа таа цена. Па нека вреди за цената.

Прегледи:
476
Објавено на:
09.10.2020